Кил го торпедираше Магдебург

Ракометарите на Кил одиграа одличен натпревар против Магдебург, триумфираа со 31:25 во натпревар од 18. коло од Бундес лигата.

За Кил ова беше важна победа пред незгодното гостување кај моменталниот лидер, тимот на Мелсунген.

Избраниците на Филип Јиха задачата си ја завршија уште во првиот дел, кој го добија со девет гола разлика, 20:11.

Ниту во второто полувреме немаше резултатска промена, домаќините ја одржуваа разликата и во ниту еден момент не се опуштија.