Кил го сруши Монпелје, Мелсунген и Хановер со победнички старт

Во реприза на полуфиналето од Ф4 на минатата сезона во Лигата на Европа, се сретнаа екипите на Кил и Монпелје. Но ако во мај Монпелје го доби тој двобој, сега Кил успеа да слави против францускиот тим со 30-28.

„Зебрите“ уште од стартот наметнаа свое темпо, поведе со 6-1, водеше и со осум гола во текот на мечот, но упорниот домаќин се доближи само на минус еден, 27-26, кога остануваа уште десет минути.

Сепак Дамке погоди два пати и Кил одново отиде на плус три, што беше доволно за помирна завршница. Голманките Вулф и Новотни комбинираа 14 одбрани за Кил, а шест гола даде екс членот на Монпелје, Верон Начиновиќ, со шест гола. Во францускиот состав, Рише и Лен имаа по пет погодоци.

Сигурен старт во Лигата на Европа, имаа и двата германски претставници – Хановер и Мелсунген, кои славеа на гости кај данската Фредериција, односно дома против португалската Бенфика.

Лига на Европа, 1 коло:

ФЕРЕНЦВАРОШ – КАРЛСКРОНА 31-29
ФРЕДЕРИЦИЈА – ХАНОВЕР 29-31
ВАРДАР – СЕСВЕТЕ 34-29
МОНПЕЛЈЕ – КИЛ 28-30
КАДЕТЕН – АДЕМАР ЛЕОН 30-22
МЕЛСУНГЕН – БЕНФИКА 28-26
ПОТАИСА ТУРДА – БИДАСОА ИРУН 33-34
ТАТРАН ПРЕШОВ – САВЕХОФ 30-30
20:45 ЕЛВЕРУМ – ЛУЦЕРН КРИЕНС
20:45 ФЛЕНСБУРГ – СЕН РАФАЕЛ
20:45 ФРАМ – ПОРТО
20:45 ГРАНОЉЕРС – СКАНДЕРБОРГ
20:45 НЕКСЕ – ПАРТИЗАН
20:45 ОСТРОВИЈА – БЕРН МУРИ
20:45 СЛОВАН ЉУБЉАНА – БАЈА МАРЕ
20.45 ТУЛУЗ – КРИСТИЈАНШТАД