За разлика од домашното првенство во Германија каде не му оди баш најдобро, поранешниот повеќекратен европски првак Кил сосема добро игра во групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите каде по 9 коло е нов лидер. По триумфот над ПСЖ, 26-24 сега „зебрите“ имаат 13 бода и го прексокнаа Алборг. Триумфот на домашен терен против ПСЖ беше втор сезонава за тимот на Филип Јиха и Виктор Силаѓи.
За разлика од Кил кој е лидер, тимот на ПСЖ е на 5. место со 9 бода, исто колку и ПИК Сегед, а еден повеќе од Загреб. Во последното коло за годинава ПСЖ гостува кај Алборг, и можно е дури на падне и на седмото место, доколку Загреб и ПИК Сегед победат или освојат бодови на нивните натпревари.
Дури во последните неколку минути Кил ја обезбеди победата. А имаше предност од 15-10 на полувреме, и изгледаше дека ќе биде само уште еден „лесен тренинг“. Во првото полувреме Кил имаше 15 гола од 26 упатени топки, а ПСЖ само 10 од 29 упатени топки. Французите имаа осум повеќе неискористени напади.
Но, само што почна второт ополувреме ПСЖ покажа друго лице, и брзо израмни а во 40 минута и првпат поведе, 19-18. Пресвртот на „светците“ траеше само десетина минути кога се играше гол за гол. Во 52 минута последне пат беше израмнет резултатот, 23-23, па имаше пет минути бе зниту едне тим да реализира напад.
Потоа Билик и Дамке, двапати погодина за водство 25-23 во 58 минута. Французите пак не реализираа, и Гурбиндо на 23 секунди до крај стави „точка“ со голот за водство 26-23. Пранди само намали на 26-24.
Тешко беше да се совладаат голманите на двете екипи. Самир Беланхцене имаше 17 одбрани, а Томаш Мрква три. На спротивната страна Андреас Паличка одбрани 15 топки. Никлас Екберг беше најефикасен кај Кил со 5 гола, а кај ПСЖ еден повеќе даде Метју Гребил.
ТАБЕЛА А ГРУПА