Полскиот Келце втора сезона остана со празни раце, откако титулата во шампионатот ја освои Висла Плоцк.
По вториот финален натпревар во салата „Легионов“, Келце им се заблагодари за соработката на четворица ракометари.
Од Келце по шест сезони заминува Игор Карачиќ, кој има понуда да се пресели во Кувајт, додека голманот Милош Валах ќе дојде во Вардар.
Покрај нив двајца, Талант Душебаев за наредната сезона нема да смета на левите крила Цезари Сургиел и Шимон Виадерни.
Нови засилувања се голманот Адам Моравски, левото крило Пјотр Јарошевич, како и средните бекови Алекс Влах и Пјотр Једрашчук.