Келце се поднови со голман – на лето доаѓа Моравски!

Полскиот вицепрвак Келце oд претстојното лето би требало да има ново дуо на голманската позиција во тимот.

Покрај Клемен Ферлин, раководството на полскиот тим планира да го донесе и репрезентативниот голман на Полска, Адам Моравски.

Според пишувањата на „ТВП Спорт“, Моравски е веќе договорен со Келце, а од клубот би требало да заминат Милош Валах и Сандро Мештриќ.

Босанецот Бекир Чордалија, кој дојде последен во Келце, може ќе остане како конкуренција на Ферлин и Моравски, а може и да оди на позајмица.

Моравски претходно бранеше во Висла Плоцк, а сега ја одработува третата сезона во бундеслигашот Мелсунген.