Полски Келце направи голем чекор во искачување на табелата во А групата од лигата на шампионте, откако со 33-31 триумфираше во Берлин против лидерот на табелата.
„Лисиците“ ја прекинаа серијата од 9 мечеви беа пораз, но Фуксе Берлин секако има обезбедено пласман во четвртфиналето. Можеше привремено да му избега на Олборг, кој заостанува еден поен, но има и меч помалку. Келце со овој триумф е на 4. место во групата и има еден бод помалку од Веспрем, и до крај на групната фаза поранешниот европски првак ќе с ебори и за 3. место што би им донело „полесен“ ривал во осминафиналето.
Во последните 15 години, ова е седми меѓусебен дуел во ЛШ, а Келце првпат победува во Германија, а лани имаше реми 25-25.
Од почеток на средбата Келце имаше водство, а на полувреме предноста беше 15-13. Во второто полувреме разликата се зголеми на „плус 4“ и то анеколкупати. Откако Келце поведе со 25-21, како да се разбуди Берлин, па направи серија со која поведе 26-25. Па следеше период во кој се играше „гол за гол“.
Во 58 минута Берлин имаше напад но голманот Ферлин одбрани, па во последните 90 минути гостите го искористија тоа за повторно да поведат, 31-30. Плус домаќините добија исклучување по грубиот старт на Дар врз Оленичак. И со играл помалку Берлин имаше чиста панса да израмни, но Ферлин повторно одбрани, и веќе се беше решено, имаше десетина секунди до крај, гол предност, па во последните секунди Келце погоди за заверка на победата.
Кај домашните Гидсел погоди 10 пати, а Грондал 9 пати. Кај гостите Сичко даде 6 гола, а браќата Душебаеви по 4 гола.

























