Полскиот вицепрвак Келце најде замена за Андреас Вулф и објави дека е потпишан договор со млад босански репрезентативец.
Босанскиот џин, Бекир Чордалија, потпиша договор на три сезони и ќе остане најмалку до 2027 година во Келце.
Тој ќе брани со Милош Валах и Сандро Мештриќ, па Келце ќе има младо, но многу квалитетно трио на голмани.
Чордалија има 21 година, висок е 205 цм, тежок 120 км, а досега беше член на босанската екипа Вогошча.
Тој веќе дебитираше за сениорската репрезентација и имаше солидни партии во бараж двомечот со Португалија за СП 2025 година.