Келце на шопинг во ПСЖ, Висла Плоцк го враќа Сита!

Полскиот првак Келце е на добар пат да го ангажира десниот бек Доминик Мате, во моментов играч на францускиот ПСЖ.

Според пишувањата на „ТВП Спорт“, Мате е веќе договорен за трансфер и треба да му се придружи на Алекс Душебаев на десната бековска позиција.

Тој ќе биде четвртиот играч по Наи, Конку и Ремили, што од францускиот гигант ќе се приклучи во тимот на Талант Душебаев.

Покрај Келце, активна на трансфер пазарот е и Висла Плоцк, која го договори средниот бек на унгарската репрезентација, Золтан Сита.

Тој играше во Висла Плоцк до 2021 година пред да се пресели во ПИК Сегед, каде нема значајна улога, па реши да се врати во позната средина.