Келце му посака добредојде на голманот што стана европски првак со Вардар!

Полскиот вицепрвак Келце го промовираше новото засилување – чуварот на мрежата Дејан Милосављев.

Српскиот репрезентативец потпиша договор на четири сезони со тимот предводен од Талант Душебаев и ќе брани во Полска најмалку до 2030 година.

Милосављев беше дел од Вардар една сезона, во 2018/2019, ја освои титулата во Лигата на шампионите и се пресели во Фуксе Берлин, каде остана седум сезони.

„Доаѓањето во Келце е голем предизвик за мене, но и чест. Станува збор за клуб со богата историја, големи амбиции и традиција во европскиот ракомет. Од првиот разговор со клупскиот менаџмент, почуствував дека делиме исти визии и амбиции, а тоа ја направи мојата одлука полесна“, изјави Милосављев.

Со германскиот клуб Милосављев освои титула во Бундес лигата, трофеј во Лигата на Европа и стана финалист на Лигата на шампионите минатата сезона.

Милосављев потврди: Заминувам од Берлин!