Полскиот шампион Келце со втората победа над ГОГ го обезбеди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Избраниците на Талант Душебаев на реванш дуелот со данскиот тим триумфираа со пет гола разлика, 33:28.
Уште на првиот дуел од осминафиналето, кој беше одигран минатиот викенд, составот на Душебаев го најави своето учество во четвртфиналето.
Во четвртфиналето директен пласман имаат обезбедено екипите на Кил, Алборг, Магдебург и Барселона.
Келце во четвртфиналето ќе игра против актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург.