Полскиот вицепрвак Келце за следната сезона ќе има само две леви крила во ростерот и го одбра партнерот на Дилан Наи.
Менаџментот на Келце избираше меѓу двата големи таленти на полскиот ракомет и го избра Цезари Сургиел, кој останува и наредната сезона.
Келце му се заблагодари на соработката на Симон Виадерни, кој исто така беше во составот минатата сезона и добиваше минутажа во Лигата на шампионите.
„За следната сезона сакаме да имаме две леви крила. Играчите треба да се развиваат, а тоа се прави со играње. Затоа ние многу размислувавме и се решивме по долго време да го задржиме Цезари“, изјави тренерот Талант Душебаев.
Во новата сезона од Лигата на шампионите, Келце ќе биде во групата Б заедно со Барселона, Магдебург, ПИК Сегед, Нант, Алборг, Загреб и Колстад.