Сите билети што беа пуштени во продажба за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме, се распродадени.
Tоа значи дека данскиот состав го чека битолски пекол во салата „Боро Чурлевски“ и атмосфера што е надалеку позната во ракометните кругови.
За македонскиот шампион ова е еден од најважните натпревари во елитната конкуренција и со победа ќе биде направен чекор напред во битката за осминафиналето.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ГОГ Гудме се игра утревечер во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.