Ќе ја скокне Битола: Митун не е сериозно повреден, но нема да игра против Еурофарм Пелистер

Голем страв владееше поради повредата што младиот ракометар на ГОГ Гудме, Оли Митун, ја заработи во саботниот натпревар против Алборг.

Сепак, најновите информации донесоа олеснување за ГОГ Гудме – се работи за мала повреда на мускулните влакна околу рамото.

„Среќа во несреќа е што паузата ќе трае само неколку недели. Стравувавме дека може да биде многу посериозно, особено со оглед на тоа што веќе загубивме двајца играчи со тешки повреди, Педерсен Кал,“ изјави тренерот Каспер Кристенсен за ТВ2.

Ова значи дека тимот од Гудме ќе мора да се снајде без својот талентиран среден бек, и тој нема да допатува во Битола на дуелот со Еурофарм Пелистер од Лигата на шампионите на 23 септември.