Екипите на Магдебург и Фуксе Берлин ќе играат во финалето на годинешното издание на Супер Глоуб турнирот, неофицијалното светско клупско првенство.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Магдебург во второто полуфинале го доби дуелот со полскиот гигант Келце, славеше со 29:25 (15:14).
Победничката екипа беше предводена од Омар Магнусон, кој постигна шет погодоци, додека кај Келце се истакнаа Дилан Наи и Алекс Душебаев со шест, односно пет погодоци.
Магдебург во финалето ќе игра против ривалот од Бундес лигата, Фуксе Берлин, кој по продолженија го доби полуфиналниот дуел против Барселона.