Ќе грми во сала: „Фалангата“ главна во „Вараждин Арена“

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес го стартува своето учество на 29-то Светско првенство.

Македонија за прв ривал ја има репрезентацијата на Унгарија, која на денешниот дуел е фаворит против избраниците на Лазаров.

Сепак, нашите ракометари ќе имаат дополнителна мотивација да остварат позитивен резултат, бидејќи ќе имаат голема поддршка од трибините.

Натпреварот меѓу Македонија и Унгарија се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:30 часот.