Десното крило Данил Шишкарев остави длабока трага во Македонија, откако пет сезони ги бранеше боите на Вардар.
Капитенот на руската репрезентација за разлика од претходното ЕП кога Русија играше, сега за жал ќе мора да го гледа на ТВ.
Во интервју за реномираниот портал „Брз Центар“, Шишкарев открива дека со внимание ќе ја следи репрезентацијата на Македонија.
„Ќе го следам машкото ЕП, исто како што го следев и женското СП. За мене ракометот е најважен дел од животот. Секогаш ги следам сите случувања. Мојата омилена репрезентација Русија нема да игра, а имам малку пријатели во другите репрезентации. Секако, ќе ја следам Македонија, иако оди во Германија со подмладен состав. Ќе биде интересно да се види како ќе изгледа под водство на Кире Лазаров. Ги познавам повеќето од репрезентативците. Игравме еден против друг и разговаравме“, изјави Шишкарев.
Тој по заминувањето од Вардар, настапуваше една сезона за унгарскиот Веспрем, пред да се врати во татковината каде го носеше дресот на Чеховски Медведи и на ЦСКА Москва.