Кавадарци останува неосвоива тврдина, Тиквеш почнува нова серија победи (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тиквеш – Аеродром 27.10.2023

Уште во првите 30 минути Тиквеш „ја реши работата“ со Аеродром бидејќи домаќините водеа со 25-15 најавувајќи го својот осми триумф сезонава. На крајот победата беше дури и убедлива, 43-31, а Темелковски, Коцев и Обина заедно постигнаа 24 голови. Кавадарчани остануваат на второто место на табелата во А групата со 21 бод, и ќе го чекаат дуелот со лидерот Алкалоид, или негов кикс за да може да се надева на пренесе три бода во плејофот.