Тимот на Вардар Неготино славеше над Партизан Гевгелија со 44-32 во 8 коло од прволигашката конкуренција.
Домаќините во првиот дел имаа плус пет, 13-8, но паузата гевгеличани намалија на 21-18. Во второто полувреме гостите стигнаа и на минус еден, 25-24, но наместо да продолжат во ист ритам застанаа.
Тоа беше казнето од неготинци и избраниците на Ратко Вељанов се одлепија на шест гола предност, 30-24. До крајот само рутински ја доработија задачата.
Во победничкиот состав се истакнаа кавадарчаните Петре Пеовски со 12 гола и Костадин Петров со десет, додека Митевски даде девет. Кај Партизан Гевгелија се истакна Лисичков со девет погодоци.
Мулти Есенс, кој минатата сезона беше суперлигаш, славеше на гостински терен кај Кичево со 43-32, откако и на полувреме имаше убедлива предност со 19-14.