По Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид, со свое соопштение реагираше и Тиквеш од Кавадарци за последните случувања на натпреварот одигран во неделата во Автокоманда против „сино-белите“.
Кавадарчани се гневни на навредите и недоличното однесување на тренерот Кирил Лазаров кон нивните играчи, но и кон тренерот на Тиквеш, Кристијан Грчевски. Притоа потенцираат дека за ваквите потези, Лазаров е опоменат само со жолт картон.
Во соопштението на Тиквеш се наведува и дека ваква е праксата со години, а укажуваат на лобирањата на селекторот за ракометари со ветување на место на репрезентативниот список…
Целосното соопштение на Тиквеш може да го прочитате во продолжение…