Катар без еден од најдобрите на СП?

Селекцијата на Катар, која е еден од можните ривали на Македонија ако се пласира во главната рунда на СП 2025, би можел да настапи ослабен во Хрватска.

Рафаел Капоте, кубанскиот натурализиран бек, се уште не е подготвен за големи напори и не играше на пријателските натпревари против Аргентина и Бахреин.

Селекторот Веселин Вујовиќ можеби ќе смета на Капоте на пријателските натпревари против Словенија и Алжи пред СП за да ги провери неговите можности.

Катар е во група со Франција, Кувајт и Австрија, а Капоте е една од најважните алки во составот. На 91 натпревар досега за азиската селекција има постигнато 398 погодоци.