Тимот на Кастриоти каде што тренер е македонскиот стратег Владимир Глигоров, останува на врвот на табелата.
На домашен терен Кастиоти на Глигоров беше подобар од шампионот на Косово, Раховец со 27-25.
Сега тимот на Кастриоти Феризај по 20 одиграни кола се наоѓа на првото место на табелата со 36 бодови.
Раховец останува на второто место со 34 бода, додека Беса на Реваз Чантурија и Бобан Каковски е трета со 30 бода.


























