Данскиот интернационалец Каспер Кисум по само една полусезона заминува од француската екипа Сен Рафаел.
Тој се пресели во Франција во јануари годинава, откако по есенската полусезона се раздели со македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Кисум дојде во Битола во дојде во пролетниот дел од сезоната 2022/23 и имаше важна улога во освојување на шампионската титула.
Данецот потекнува од Рингстед, настапуваше и за Нордсјеланд, пред да се пресели во Бундес лигата во 2014 година. Во Германија мина три сезони во Фленсбург, Штутгарт и Хановер, а потоа заминува во Франција.
Таму го носеше дресот на Тулуз, од каде што се враќа во Данска и до лани настапуваше за Нордсјеланд четири сезони. Летото 2022 се пресели во Сондерјиске, пред да дојде во Битола.