Касинос Австрија Интернешанал Македонија – ексклузивен партнер на „Охридско лето“ 2025

Охрид и ова лето, повторно пулсира во ритамот на уметноста. Фестивалот Охридско лето го реализира  65-то јубилејно издание, со повеќе од 40 уметнички настани кои ја збогатуваат летната сцена со музика, театар, визуелни уметности и креативни експерименти.

Горди сме што Касинос Австрија Интернешанал Македонија оваа година е ексклузивен партнер на фестивалот – манифестација со меѓународно реноме, која над шест децении е симбол на културен континуитет, извонредност и инспирација. Охридско лето не е само фестивал – тоа е приказна, традиција и глас на уметноста кој одекнува низ вековите.

Нашата поддршка е повеќе од спонзорство – таа е дел од нашата посветеност за развој на културата, поддршка на уметниците и вложување во вредностите што го збогатуваат општеството.