По босанското десно крило Ана Вранчиќ, која доби повик за настап за Босна и Херцеговина, на квалификациите за СП 2025, уште една ракометарка на Ѓорче Петров ќе биде активна во рамките на ЕХФ неделата.
Кружниот напаѓач Милена Менезес, која од пролетта е членка на македонскиот шампион, ќе биде дел од репрезентацијата на Бразил.
Селекторот на Бразил, Кристијано Роча, повика 18 ракометарки, меѓу кои и Менезес, за настапот на „Трофеј Карпати“ во романскиот град Клуж.
Иако на турнирот ќе настапи и Македонија, сепак нашите ракометарки нема да играат против Бразил. „Кариоките“ ќе се сретнат со домаќинот Романија, Словачка и Турција.
„Трофеј Карпати“ е на програмата од 25 до 27 октомври.