Европската ракометна федерација ги објави официјалница лица за натпреварите од третото коло во Лигата на шампионите кај дамите.
Македонските арбитри Силвана Карбеска и Марија Илиева добија задача да го судат мечот што ќе се игра во Скандинавија.
Тие ќе бидат главни на дуелот меѓу норвешкиот Сторхамар и унгарскиот Ференварош, што е закажан за претстојниот викенд.
Натпреварот на кој делегат ќе биде Автстриецот Кашуц ќе се одигра на 22 септември со почеток во 14:00 часот.