Карбеска и Илиева со нова задача во Лигата на шампионите!

Македонскиот двоец Силвана Карбеска и Марија Илиева, го продолжуваат трендот да судат на натпреварите од Лигата на шампионите сезонава.

Европската ракометна федерација ги објави делегирањата за натпреварите од 12 коло, а таму на еден од нив „главни“ ќе бидат Македонките.

Станува збор за натпреварот меѓу францускиот Мец и данскиот Никобинг на кој голем фаворит е домашната екипа.

Тој е закажан за 8 февруари од 18:00 часот, а делегат ќе биде Шпанката Кристина Фернандез.

Во ова коло, и Исмаил Металари и Ненад Николовски се делегирани во ЛШ на мечот Брест Бретањ – Есбјерг.