Карбеска и Илиева со нова задача во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото квалификациско коло во Лигата на Еропа.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија ќе имаат шанса оваа сезона по средбите во Лигата на шампионите и Европскиот Куп, одново да судат и во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Карбеска и Илиева се делегирани од ЕХФ за реванш средбата меѓу шпанската Супер Амара Бера Бера и полскиот МКС Лублин.

Натпреварот меѓу Бера Бера и МКС Лублин ќе се игра на 17 ноември со почеток од 12:00 часот во спортската сала „Хозе Гаска“ во Сан Себастијан.