Карбеска и Илиева ќе судат клучен меч за прогрес во Лигата на шампионите!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 13 коло во Лигата на шампионите кај дамите.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе патуваат за Дортмунд, каде ќе судат значаен натпревар.

Германскиот тим Борусија Дортмунд го пречекува Мец во натпревар што се игра на 15 февруари од 14:00 во „Вестпрес Арена“ во Хам.

Мец има 20 бодови на второто место и му фалат два бода за да го потврди второто место и директниот пласман во четвртфиналето, додека Борусија Дортмунд е шесто место со 8 бода, четири повеќе од седмопласираниот Сторхамар, кој има подобар меѓусебен дуел со германскиот тим.

На Борусија и треба најмалку бод за да остане шеста и да се пласира во осминафиналето, а освен со Мец, ќе игра и со лидерот Ѓер, додека Сторхамар ќе има полесни дуели со Будуќност на гости и Глорија Бистрица на домашен терен.

Сумирано, на двете екипи им е многу важен овој меч, а делегирањето за Карбеска и Илиева за овој дуел од страна на ЕХФ, уште еднаш ја покажа довербата која двете Македонки ја уживаат во Виена.