Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 7 коло во Лигата на шампионите.
Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија одново ќе делат правда во најелитната конкуренција кај дамите.
Карбеска и Илиева ќе го судат натпреварот меѓу норвешката Сола на Камила Херем и романскиот првак ЧСМ Букурешт со Крина Пинтеа, Ане Мете Хансен, Ѓурѓина Јауковиќ…. тим што минува низ турбулентен период по отказот за тренерот Ади Василе.
Натпреварот меѓу Сола и ЧСМ Букурешт ќе се игра во Ставангер на 8 ноември со почеток во 18:00 часот.

























