Карбеска и Илиева ќе делат правда во квалификациите за ЕП

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од квалификациите за ЕП 2026.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија добија задача на натпревар од квалификациската група 1.

Тие ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Косово и Хрватска, на кој делегат ќе биде Црногорецот Ракочевиќ.

Натпреварот меѓу Косово и Хрватска од квалификациите за ЕП е закажан за 19 октомври од 17:15 часот во Приштина.