Карбеска и Илиева „главни“ во Подгорица

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите во Лигата на шампионите кај дамите.

Македонската двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе судат на премиерниот дуел во Подгорица.

Црногорскиот шампион Будуќност ќе го пречека унгарскиот Дебрецин во еден од натпреварите што мора да ги добие ако посакува место во елиминациите.

Тој дуел е закажан за 7 септември во салата „Морача“ во Подгорица од 16:00 часот, а делегат ќе биде Романката Стоија.