Ракометната федерација на Македонија го продолжува ракометниот караван кој веќе успешно беше реализиран во Охрид, Прилеп, Битола, Богданци и Кавадарци.
Следниот град што ќе го пречека караванот е Куманово. Настанот ќе се одржи на 14 март во спортската сала во Куманово, со почеток во 12:00 часот.
Како и досега, целта на караванот е да го доближи ракометот до најмладите генерации, да ја зголеми неговата популарност…
Специјални гости на ова издание на караванот ќе бидат некогашната репрезентативка Наташа Младеновска, актуелната репрезентативка Емилијана Ризоска, како и двајцата млади ракометари од Куманово – голманот Григор Трајковски и средниот бек Тино Стојановски.

























