Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Карапалевски, славеше над Кангас со 29-23.
Во натпреварот од 24 коло во Асобал лигата, Ваљадолид предводен од средниот бек од Македонија оствари важен триумф.
Карапалевски беше прв стрелец на теренот во двата тима и го одигра најдобриот натпревар во дресот на Ваљадолид – постигна шест гола од седум обиди и имаше една асистенција.
Ваљадолид е на седмото место на табелата со 27 бодови, пет помалку од петтопласираната Бидасоа и од местото што води во Лигата на Европа.








