Тимот на Ваљадолид каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски имаше победнички старт на новата сезона во Асобал лигата.
Ваљадолид во „Уерта Дел Реј“ на домашен терен славеше без поголеми проблеми над составот на Уеска со 35-25.
Карапалевски беше еден од најистакнатите ракометари во тимот предводен од Давид Писонеро – успеа да погоди три пати од четири обиди, а изнуди и два пенали и подели една асистенција.
Ваљадолид во второто коло ќе гостува кај шпанскиот шампион Барселона.