Карапалевски перфектен, Ваљадолид го доби мак-двобојот во Шпанија

Тимот на Ваљадолид славеше против Аликанте со 27-25 во македонскиот двобој во шпанската Асобал лига.

Ваљадолид, каде што игра Мартин Карапалевски, уште по првиот дел ја најави победата на гостувањето кај Аликанте, каде што игра Дарко Димитриевски.

Карапалевски кој се врати на теренот по кратката пауза, успеа да погоди четири пати од четири обиди во мрежата на домашните, додека Димитриевски стрелаше еднаш од двата обиди.

Ваљадолид е на шестото место на табелата во Асобал лигата, додека Аликанте се наоѓа на 12 позиција.