Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, ќе се бори за трофејот во Купот на Шпанија.
Ваљадолид, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро, славеше против Ла Риоха во полуфиналето со 27-22.
Карапалевски на овој натпревар постигна еден гол во противничката мрежа, а вториот некогашен вардарец во клубот, Жозе Толедо, даде два гола.
Противник на Ваљадолид во борбата за трофеј ќе биде големата Барселона, која ја елиминира Бидасоа со триумфот од 37-31.
























