Тимот на Ваљадолид, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, запиша триумф во 13 коло од Асобал лигата.
Ваљадолид славеше на незгодното гостување кај Пуенте Хенил со 30-25, иако на полувремето беше реми, 14-14.
Македонецот Карапалевски постигна три погодоци од четири обиди во домашната мрежа, а некогашниот вардарец во редовите на Ваљадолид, Жозе Толедо даде два гола.
Ваљадолид сега има 17 бодови што е доволно за шестото место, а следен предизвик за Карапалевски и неговиот тим ќе биде домашниот дуел со Адемар Леон.


























