Карапалевски ефикасен, Ваљадолид победнички кај Нава

Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, со победи ја заврши 2025 година.

Ваљадолид славеше на гостински терен кај Нава со 30-29, а македонскиот среден бек имаше значајна улога.

Карапалевски даде три гола од три обиди во мрежата на домашните, а најдобар беше уште еден екс вардарец, Жозе Толедо, со седум гола.

Ваљадолид и Карапалевски сега имаат 20 бода, а тоа е доволно за четвртото место. Лидер е Барса со 30 бодови, а на делба на втората позиција се Ла Риоха и Бидасоа со по 21 бод.