Македонскиот репрезентативец Мартин Карапалевски го имаше своето деби за шпанскиот тим Ваљадолид.
Тој ги одигра првите за новиот клуб на пријателскиот натпревар против Спортинг Лисабон на домашен терен.
Ваљадолид го загуби убедливо овој натпревар со 39-27, а Карапалевски даде два гола, од кои еден беше од пенал. Вториот Македонец, Димитар Димитриоски, беше стрелец на еден погодок.
За средниот бек Карапалевски ова е првиот интернационален предизвик во кариерата, во која ги носеше дресовите на Вардар и Вардар Јуниор, а потекнува од Ресен.