Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски запиша триумф во Асобал лигата.
По четири порази во серија, Ваљадолид го победи Аликанте на Дарко Димитриевски во 31-30 во македонскиот двобој во Шпанија.
Карапалевски успеа да погоди три пати од три обиди во противничката мрежа, додека Димитриевски не се запиша во листата на стрелци.
Ваљадолид сега има 23 бода на седмото место, додека Аликанте останува на 17 бодови на 10 место на табелата.
























