Тимот на Ваљадолид, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Карапалевски, запиша втора победа во серија во Асобал лигата.
Ваљадолид славеше на домашен терен со 31-25 против незгодната Куенка, откако и на паузата водеше со 16-14.
Македонскиот организатор на играта постигна три погодоци од три обиди во противничката мрежа.
Ваљадолид сега има 25 бодови на седмата позиција, но само два помалку од петтопласираната Бидасоа која има 27 на место кое води во Лигата на Европа.
























