Легендата на Вардар, Игор Карачиќ, поранешен хрватски репрезентативец и актуелен играч на полскиот клуб Келце, објави дека по шест години го напушта клубот.
Во своето обраќање, Карачиќ изрази благодарност за прифаќањето од страна на полските навивачи и се збогуваше со нив.
„Тешко наоѓам зборови во овој момент, но секој играч знае дека овој ден мора да дојде. Моето време овде како играч дојде до крај и време е да кажам збогум. Ви благодарам што ме прифативте како свој. Ми беше задоволство да играм за вас!“, напиша Карачиќ.
Карачиќ исто така изрази благодарност кон своите соиграчи и тренери, а додаде дека Келце и Полска ќе останат во неговото срце засекогаш.
Во текот на својата кариера, Карачиќ играше за клубови како Зрински, Сараево, потоа Вардар, со кој двапати ја освои Лигата на шампионите, и за Келце. Тој е единствениот Хрват кој ја освоил наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите.
Неговата следна дестинација сè уште не е позната.