Карачиќ пристигна во Загреб: Не можам да и кажам НЕ на Хрватска

Мундијалот заврши за капитенот на Хрватска, Домагој Дувњак, а селекторот Дагур Сигурдсон веднаш го повика Игор Карачиќ како негова замена.

Иако не беше во плановите на селекторот, не играше ниту на ОИ и јасно беше дека не му е омилен на Сигурдсон, сепак Карачиќ веднаш го прифати повикот и пристигна утринава во Загреб.

„Никогаш нема, не сакам и не можам да и кажам НЕ на Хрватска“, изјави за ХРС некогашниот среден бек на Вардар.

Тој ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната со полскиот Келце, но по повикот синоќа од селекторот Сигурдсон замина за Загреб.

Хрватска ги победи Аргентина и Бахреин, а утре против Египет ќе се бори за првото место во групата.