Средниот бек на полскиот Келце, и некогашен ас на Вардар, Игор Карачиќ, го најави крајот со националниот тим на Хрватска.
По мечот со Исланд, Карачиќ за „Спортске Новости“, потврди дека ова ќе му биде последното големо натпреварување.
„Дадов многу за Хрватска, но исто така мислам дека на репрезентацијата и треба нешто друго, шанса да добијат некои млади играчи. Јас бев тука, секогаш кога требаше. Не знам колку имам сили за понатаму, а сакам овој турнир да го одработам, да го одиграм до крај максимално. Дали тоа ќе биде една минута, пет или повеќе, ќе го оставам срцето на теренот. Сепак, мислам дека ова ќе биде крајот во репрезентацијата“, изјави Карачиќ.
Хрватска сега мора да ја совлада Словенија во последното коло за да го потврди првото место во групата и четвртфиналниот билет на СП 2025.