Репрезентацијата на Хрватска ја торпедира Шпанија во првата рунда со десет гола разлика, 39-29, а не се памети кога последен пат Хрватите одиграа како што тоа беше случај вчера.
Еден од лидерите на овој тим, Игор Карачиќ, беше импресиониран од начинот на кој одиграа помладите ракометари
„Одлично работевме на подготовките. Почувствувавме хемија. Кога гледаш како се борат младите…секоја им чест. Исполнет сум. Да не влезев на терен, ќе беше прекрасно да ги гледам како се борат 60 минити. Мора да останеме на земја, ова е само прв добар чекор. Одиме понатаму“, вели Карачиќ.
Хрватска ја очекуваат уште два ривали во групната фаза – Романија и Австрија, кои ќе мора да се совладааат за прво место во групната.