Тимот на Куманово во наредната сезона ќе биде без капитенот Сара Цветановска, која прифати нов предизвик.
Цветановска за првпат ја менува средината и ќе се проба на друго место, а Куманово ќе мора да бара замена за големиот борец.
„По години исполнети со труд, борба и раст, дојде време да се простам од клубот што ме изгради — не само како играч, туку и како борец. Од детството до денес, поминавме низ многу битки, тешки порази, незаборавни победи и сè што ракометот носи со себе. Време е за нов предизвик, но овој дрес засекогаш ќе биде дел од мене“, напиша Цветановска.
Куманово покрај Цветановска, остана без голманката Марија Јовановска, која се пресели во Ѓорче Петров, а се уште неизвесна е судбината на Сузана Зечевиќ.