Според информациите на клупската страна на АЕК Атина, репрезентативецот на Грција, Панајотис Николаидис, имал сообраќајна несреќа со својот мотор.
Искусниот капитен на АЕК Атина за среќа, носел заштитна опрема, односно кацига, и во судирот што го имал со автомобил од спротивната страна, бил спасен благодарение на кацигата.
Капитенот на грчкиот шампион има доста модрици на телото, на места има и конци, но клупските информации велат дека тој е е во добра здравствена состојба и надвор од животна опасност.
Тренерот на АЕК Атина, Драган Ѓукиќ, кој пред неколку дена беше назначен за наследник на Александрос Алванос, на левата бековска позиција на располагање има уште два играчи.
Станува збор за екс ракометарот на Еурофарм Пелистер, Стипе Мандалиниќ и 27-годишниот Николас Критикос.