Традицијата во мечевите од домашното машко првенство на Македонија е на страната на Еурофарм Пелистер, на дуелите со тимот од Автокоманда, а вечерашниот ќе биде седми меѓусебен, а втор сезонаава. Средбата меѓу шампионот и освојувачот на Купот е закажана за 19 часот во салата во Автокоманда, со пренос на МТВ.
Двата тима се дел од „големата четворка“ на табелата која од самиот почеток на сезоната се одвои, и се наметна како најсериозни кандидати кои ќе се борат за титулата. Разликата меѓу нив е само два бода, и двете екипи имаа свои пресметки, и знаат колку ќе им значат бодовите. Едните за задржување на првото место, а другите за задржување на врвот.
Во меѓусебните дуели последните две сезони, Еурофарм Пелистер секогаш победувал на дуели од првенството на Македонија. На сите четири средби „зелените“ триумфирале, а највисоката победа ја остварија токму на теренот во Автокоманда кога победија со 35-25. единствените два порази на екипата на Бранислав Ангеловски беа во финалето на Купот, кога дури по изведувањето на седмерци триумфираше тимот предводен од Кирил Лазаров, 25-23. А потоа и во Супер Купот во Гевгелија.
„На почеток на сезоната стартувавме лошо во Супер Купот, нормално е дека сме должни на самите себе, на градот и на нашите навивачи. Ваквите натпревари треба да ги добиваме затоа што се работи за трофеј, но се случи тоа што се случи. Сега сме многу подобри во однос на тој период. Според мене за 30 отсто сме подобри, имаме план и стратегија како треба да напаѓаме и како треба да се браниме. Мотивирани сме и и здрави, а тоа е најважно. Одиме чекор по чекор и направивме добра анализа, фокусирани сме. И сакаме да покажеме како треба да изгледа Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната, каков што сите го очекуваме и сите го очекуваат, изјави Филип Кузмановски, капитенот на Еурофарм Пелистер пред гостувањето во Автокоманда.
Лани, на највисоката победа во меѓусебните дуели, кога Еурофарм Пелистер триумфираше со 35-25, Кузмановски постигна 4 гола за својот тим, а на вториот дуел, кога битолчани триумфира со 32-28, зад своето има забележа пет погодоци.
Судии на средбата ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.