Капитенот како селекторот: Кузмановски израмни историски рекорд на Лазаров!

Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, со 31 погодок на три меча е најдобриот наш стрелец на Мундијалот, а во ТОП 3 на СП.

Левиот бек со досегашните 31 погодок израмни еден рекорд кој е во сопственост на актуелниот селектор Кирил Лазаров.

Тој постигна 31 погодок на првите три меча на две големи натпреварувања – СП 2009 во Хрватска и СП 2017 во Франција.

Вакво остварување покрај Лазаров во два наврати, сега има и Кузмановски, a трет ракометар на кој му успеало да даде 31 гол на првите три меча на СП е Насер Ал Сад од Катар на СП 2005 во Tунис.

Кузмановски ќе одигра најмалку уште три меча на СП и ќе има шанса уште повеќе да го подобри досегашниот биланс.