Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, беше избран за МВП на „Жолтиот Куп“ во Винтертур.
Кузмановски даде 17 гола на трите меча против Бахреин, Украина и Швајцарија и беше ударна игла во македонскиот напад.
Македонија го заврши турнирот на второто место откако ремизираше со Швајцарија, 28-28 и само поради подобра гол-разлика домашните се радуваат на трофеј.
Нашите момци утре ги чека пат за Данска, а ЕП стартува на 16 јануари токму против домаќинот во „Јуске Банк Боксен“.

























